Über Uns
Повеќе од вработување. Ние ти нудиме Перспектива.
Нашата приказна
Недостатокот од стручен кадар во медицинските установи го става германскиот здравствен систем пред големи предизвици. Истовремено, во светот постојат квалификувани стручни лица, кои се мотивирани да работат во Германија и да ги имплементираат своите знаења и компетентност во работењето, со цел таму да најдат една долгорочна перспектива во својот професионален и приватен живот.
Ние сме тука овие две нешта да ги поврземе заедно - сигурно, професионално и посветено.
Како специјализирана агенција за посредување при вработување, главно сме насочени на посредувањето медицински стручни работници.Ние ги подржуваме нашите кандидати во текот на нивниот целокупен пат до Германија - од првиот разговор, преку постапката за нострификација се до започнувањето на карирата во Германија. Притоа се грижиме не само за посредувањето при вработувањето, туку нудиме и целосно поддржан Интеграционен концепт, кој истовремено го олеснува во голема мера процесот на посредување и вработување, како за работодавачот, така и за кандидатот кој аплицира за работното место.
Притоа остануваат за нас Довербата, Квалитетот и изнаоѓањето на долгорочни Решенија како централен фокус и приоритет во работењето.
Посредувањето претставува за мене повеќе од професија - тоа е една голема Одговорност спрема Кандидатите и Работодавците.
За нас
Повеќе од вработување. Ние ти нудиме Перспектива.
Нашата приказна
Нашата приказна
Недостатокот од стручен кадар во медицинските установи го става германскиот здравствен систем пред големи предизвици. Истовремено, во светот постојат квалификувани стручни лица, кои се мотивирани да работат во Германија и да ги имплементираат своите знаења и компетентност во работењето, со цел таму да најдат една долгорочна перспектива во својот професионален и приватен живот.
Ние сме тука овие две нешта да ги поврземе заедно - сигурно, професионално и посветено.
Како специјализирана агенција за посредување при вработување, главно сме насочени на посредувањето медицински стручни работници.Ние ги подржуваме нашите кандидати во текот на нивниот целокупен пат до Германија - од првиот разговор, преку постапката за нострификација се до започнувањето на карирата во Германија. Притоа се грижиме не само за посредувањето при вработувањето, туку нудиме и целосно поддржан Интеграционен концепт, кој истовремено го олеснува во голема мера процесот на посредување и вработување, како за работодавачот, така и за кандидатот кој аплицира за работното место.
Притоа остануваат за нас Довербата, Квалитетот и изнаоѓањето на долгорочни Решенија како централен фокус и приоритет во работењето.
Посредувањето за мене претставува повеќе од професија - тоа е една голема Одговорност спрема Кандидатите и Работодавците.
Моето име е Сашка Матевска Петровска, основач на Job Perspektive, со повеќе од пет години работно искуство во областа на посредувањето при вработување во Германија. Во текот на моето работење имам успешно придружувано стотици Кандидати при процесот на вработување, од различни области на медицината, со различна националност и степен на стручно образование, притоа секогаш со јасна цел - да ги поврзам луѓето со нивните вистински шанси кои гарантираат успех.
Во текот на моето работно искуство имав шанса да го согледам потенцијалот во странскиот стручен кадар, на европско и светско ниво, и истовремено големата потреба од истиот во германските медицински установи. Тука не го гледам само одговорот на прашањето во однос на изнаоѓањето на решение за недостатокот на стручен кадар, туку можноста за интеграција, културна разноликост, развој и унапредување на двете страни. Пополнувањето на овие работни места не се постигнува само со формално склучување на договорот за вработување и завршување на нострификацијата, туку преку вистинска поддршка, придружување и емпатија спрема Кандидатите во текот и по процесот, кое нешто претставува моја главна мотивација во работењето.
Едно посредување може да биде успешно само кога човекот е во централната позиција - не само неговата биографија. Тука станува збор за луѓе, нивните животни одлуки и нивната доверба спрема оној што ги придружува кон остварување на тој важен чекор. Мојот главен фокус e обезбедувањето на вистинска и долготрајна перспектива, како за Кандидатите, така и за германските Работодавци.
Во Job Perspektive се трудам да ги поврзам мојата емпатија спрема луѓето, моето работно искуство во областа на посредувањето и стремежот кон квалитетни услуги. Со мојот тим ве поддржуваме при секој чекор, од првиот контакт со нас до успешната интеграција во Германија.
Се радувам на шансата да Ве запознаам, доколку сте во потрага по квалификуван кадар или сте на чекор од започнување на ново поглавје од Вашата кариера во Германија.
Со почит,
Сашка Матевска Петровска
Моето име е Сашка Матевска Петровска, основач на Job Perspektive, со повеќе од пет години работно искуство во областа на посредувањето при вработување во Германија. Во текот на моето работење имам успешно придружувано стотици Кандидати при процесот на вработување, од различни области на медицината, со различна националност и степен на стручно образование, притоа секогаш со јасна цел - да ги поврзам луѓето со нивните вистински шанси кои гарантираат успех.
Во текот на моето работно искуство имав шанса да го согледам потенцијалот во странскиот стручен кадар,на европско и светско ниво, и истовремено големата потреба од истиот во германските медицински установи. Тука не го гледам само одговорот на прашањето во однос на изнаоѓањето на решение за недостатокот на стручен кадар, туку можноста за интеграција, културна разноликост, развој и унапредување на двете страни. Пополнувањето на овие работни места не се постигнува само со формално склучување на договорот за вработување и завршување на нострификацијата, туку преку вистинска поддршка, придружување и емпатија спрема Кандадите во текот и по процесот, кое нешто претставува моја главна мотивација во работењето.
Едно посредување може да биде успешно само кога човекот е во централната позиција - не само неговата биографија. Тука станува збор за луѓе, нивните животни одлуки и нивната доверба спрема оној што ги придружува кон остварување на тој важен чекор. Мојот главен фокус e обезбедувањето на вистинска и долготрајна перспектива, како за Кандидатите, така и за германските Работодавци.
Во Job Perspektive се трудам да ги поврзам мојата емпатија спрема луѓето, моето работно искуство во областа на посредувањето и стремежот кон квалитетни услуги. Со мојот тим ве поддржуваме при секој чекор, од првиот контакт со нас до успешната интеграција во Германија.
Се радувам на шансата да Ве запознаам, доколку сте во потрага по квалификуван кадар или сте на чекор од започнување на ново поглавје од Вашата кариера во Германија.
Со почит,
Сашка Матевска Петровска
Нашите вредности
Одговорност
In der Personalvermittlung übernehmen wir eine zentrale Rolle als Brücke zwischen Fachkräften und Arbeitgebern. Deshalb handeln wir mit größter Sorgfalt, rechtlicher Klarheit und persönlichem Engagement – gegenüber unseren Fachkräften ebenso wie gegenüber unseren Kunden.
Транспарентност
Јасна комуникација, искрени очекувања и фер процеси се сметаат за подразбирливи за нас. Нашите процеси се јасни и разбирливи - од првиот контакт до успешната интеграција.
Сигурност и доверба
Нашите клиенти можат да се потпрат на нас: во однос на квалитетот на кандидатите, законитото постапување и навременото пополнување на работните позиции. За кандидатите тоа претставува - еден сигурен партнер покрај себе, кој им ветува сигурна работа и иднина во Германија.
Трајност и одржливост
Ние размислуваме долгорочно: Нашата цел се стабилни работни односи, задоволни работници и една успешна интеграција, а не краткотрајни решенија. Затоа, ги подрдржуваме сите засегнати со овие цели низ процесите.
Почит
Ние постапуваме спрема сите луѓе со почит - без оглед на припадност, религија или јазик. Секој кандидат е за нас не само работна сила, туку личност со многу потенцијал и просперитет.
Поддршка
Од првиот разговор до интеграцијата на работното место и во општеството стоиме на страната на нашите кандидати. Од друга страна ја олеснуваме работата на работодавецот преку превземање на голем дел од бирократските процедури, нострификацијата и интеграцијата на кандидатите.