За Работодавачот

Недостаток од квалификувани работници? Не и со нас!

Недостатокот од стручен кадар во медицината - еден голем предизвик со последици

Недостатокот од медицински стручен персонал е веќе долго време реалност во германското здравство, кој од година година добива се поголем облик. Пред се во областа на негата, но и во останатите медицински области недостасуваат многу квалификувани работници. Според актуелните студии на оваа тема, можно е до 2035 година да останат непополнети повеќе стотици илјади работни места, доколку во меѓувреме не се најде соодветно решение.

Странските квалификувани работници како дел од решенијата на овој проблем

Целното вработување и интегрирање на странски стручен кадар претставува една долготрајна перспектива за пополнувањето на огромниот број непополнети работни места во медицината во Германија. Ние Ве подржуваме во тој процес, тоа да го остварите преку вработување на квалификуван кадар од странство. Нашите кандидати не носат само стручни компетенции за работните места, туку и високи човечки квалитети и големата мотивација во работењето. Ние ќе се погрижиме за тоа, тие добро да се подготват за животот и работата во Германија преку нашата постојана помош при нивната интеграција.

Како специјализирана агенција за посредување Ве придружуваме Вас и Вашите идни вработени низ целиот процес - професионално и посветено.

Преглед на нашите услуги

Анализа на Вашата потреба од кадар и советување

  • Analyse Ihres Personalbedarfs (Anzahl, Qualifikation, Fachbereich) und Erstellung eines individuellen Plans für die Besetzung Ihrer offenen Stellen
  • Советување околу можностите за регрутирање од странство
  • Запознавање со нашиот концепт на посредување и областите, каде што ние Ве поддржуваме

Посредување на стручен медицински кадар

  • Избор на веќе проверени квалификувани работници од нашата база на кандидати
  • Соодветно посредување базирано на Вашите барања за стручни и лични квалитети на кандидатите
  • При изборот се зема предвид потребното јазично ниво, работно искуство и нострификација на кандидатот

Постапка за нострификација

  • Водење на постапката за нострификација во име на кандидатите пред службите за нострификација во Германија 
  • Постојан контакт и координација со службите за нострификација и школите за извршување на истата по доаѓањето во Германија
  • Помош при поднесување на документацијата пред германската Агенција за вработување и водење на процесите на спроведување на нострификацијата (Anpassungsmaßnahmen und  Kenntnisprüfungen)

Организирање на јазични курсеви за кандидатите

  • Организација на јазични курсеви за нашите кандидати во нивните матични земји (A1 - Б2)
  • Подготовка на кандидатите за интервјуто за работа со Вас
  • Јазична поддршка на кандидатите при комуникација на работното место по доаѓањето во Германија  

Постапка за виза, започнување и адаптација на работното место

  • Поддршка на Вашата служба за човечки ресурси при подготовка на документите за вработување и за добивање на виза
  • Спроведување на постапката за виза и гарантирано добивање на виза во набрз рок
  • Поддршка на нашите кандидати при преселба, сместување, осигурување, отварање на банкарска сметка и при сите административни процеси во Германија 
  • Поддршка при адаптацијата на новото работно место

Поддршка по започнување на работниот однос и гаранција на квалитет

  • Поддршка на кандидатите во интеграциониот процес и од започнување на работниот однос
  • Културна и социјална интеграција
  • Постојани разговори и консултации со Вас и кандидатот
  • Посредување при евентуални конфликти и потреба од адаптаптирање на работното место со кандидатот
  • Брзо и бесплатно пополнување на работното место (во првите три месеци од стапувањето на кандидатот на работното место) при неуспешно посредување со кандидатот, односно прекинување на работниот однос

Вашите предности со нас

Решение за Вашиот моментален недостаток на стручен медицински кадар со заштеда на време

• Преку пристапот до нашата голема база на квалификувани кандидати ние Ви обезбедуваме брзо пополнување на работните места со стручен кадар од странство • Минимизирање на Вашите загуби и намалување на обврските и должностите за Вашиот постоечки медицински тим • Обезбедување на сигурни услуги за Вашите пациенти

Висококвалификуван кадар

• Избрани стручни работници со нострификувана диплома • Јазични познавања на ниво Б1/Б2 според заедничката европска референтна рамка за јазиците • Интеркултурно подготвени и високо мотивирани работници • Минимален ризик од неуспех во пополнувањето на работните места

Целосно превземање на водењето на процесите од страна на агенцијата

• Комплетно водење на: посредувањето, водење на постапката за нострификација и постапката за виза, јазични курсеви и интеграција • Личен и постојан контакт во текот на целиот процес • Поддршка при барањето на сместување на кандидатите

Долготрајни работни односи со нашите кандидати

• Посредување со фокус на воспоставување доготраен работен однос • Директната поддршка од нас го зголемува задоволството на кандидатите на работното место и го забрзува процесот на интегрирање во новата средина • Намалена потреба од нови работници, а со тоа и намалување на трошоците за вработување

Предност при конкуренцијата на пазарот на трудот преку вработување на странски квалификуван кадар

• Активно пополнување на празните работни позиции, пред да дојде до недостаток и нефункционалност при извршувањето на работата • Придонес кон разновидност и културна компетентност во тимовите

Scroll to Top